Веро ја заокружува годината со голема зимска наградна игра во која најсреќниот потрошувач во Веро маркетите ќе освои ваучер од 350.000 денари. Наградната игра почнува денеска (15 ноември), ќе трае до 29 декември и е наменета за потрошувачите во сите 14 Веро маркети низ земјава.
Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни потрошувачи во Веро маркетите кои направиле сметка од над 300 денари од означените промотивни производи. За секоја таква сметка тие добиваат купон за учество во наградната игра, а пополнетите купони треба да ги оставаат во означените кутии поставени во сите Веро маркети. Купоните учествуваат во неделните извлекувања на награди кои ќе се одржуваат секоја сабота во Веро центар и на кои ќе се доделуваат по пет вредносни ваучери од по 10.000 денари, 5.000 денари и 3.000 денари, три ваучери од по 15.000 денари, како и по еден ваучер во вредност од 30.000 денари.

