2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОд утре задолжителна зимска опрема во автомобилите

Од утре задолжителна зимска опрема во автомобилите

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Во согласност со одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата за безбедно учество во сообраќајот на патиштата како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила што не надминуваат 3.500 кг:

– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4×4):

– зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со најмалку 4 мм ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната оска, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената оска.

За моторни возила што надминува 3.500 кг:

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина со минимум 4 мм ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;
– автобуси и товарни моторни возила, кои поради технички причини не може да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици што на својата бочна страна имаат ознака MS, M+S, M & S и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување пневматици со клинци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП