30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали зголемувањето на минималната плата ќе коресподира со продуктивноста на компаниите?

Дали зголемувањето на минималната плата ќе коресподира со продуктивноста на компаниите?

Како и пред секое зголемување на минималната плата, политичарите, газдите и работниците, сите се со различни очекувања и ставови во однос на сумата и потребата од зголемување на износот.

Министерот за економија Кресник Бектеши, на својата фејсбук страна денеска најави ново зголемување на минималната плата во март 2024 година на износ од 22.500 денари.

Тоа е повеќе од двојно зголемување од минималната плата за 2017 година, вели министерот.

Но дали во услови кога одреден број на работодавачи се на граница на својата продуктивност и опстојување на пазарот можат да го истрпат следното покачување на минималецот.

Експертите повторуваат дека во услови на Глобална економска криза Регулаторите и Власта треба да „ги засукаат ракавите“ и да завземат сериозен став околу кризата која нема да ги засега само работодавачите и нивните вработени, туку ќе биде терет на целокупната заедница.

-Зборувавме во повеќе наврати дека секое зголемување на минималната плата се повеќе доведува до т.н. „урамниловка“, која пак како едно поодамнешно економско и социјално искуство не покажува добар резултат, односно оваа не популарна мерка ќе предизвика демотивираност кај добрите работници и нивно мигрирање, велат експертите.

Бизнисмените сметат дека енергетските проблеми и зголемените трошоци за нормално функционирање нема да можат сите фирми да плаќаат нова зголемена сума за минимална плата. Се сомневаат дека добар дел од стопанството повторно ќе се обидува да најде алтернативен начин како да исплаќа плати на вработените, а не ја исклучуваат можноста тоа да ја зголеми и сивата економија и да се зголеми процентот на работници кои ќе добиваат плата во плик.

Од владата сеуште се на ставот дека еден од предусловите за да се задржат работниците тука во државата и да се подобри животниот стандард е да се зголеми нивото на плати, почнувајќи од минималната плата, а работодавачите исто така ќе ја задржат работната сила дома и да не ги губат стручните кадри во земјите на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП