Израелските копнени, морски и воздушни напади на Појасот Газа, кои следеа по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, доведоа до уништување во областа што досега не била видена, пишува Ројтерс, додавајќи дека потрошувачката на вода во Појасот е намалена за дури 90 проценти.
Најмалку 45 отсто од станбените згради се уништени или оштетени, според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, која проценува дека повеќе од 40.000 се уништени, а уште 222.000 станбени згради се оштетени.

