Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ утринава предизвикал сообраќајна несреќа во која загина едно лице, потврдија од ДОРХ. Премиерот Пленковиќ го разреши Баножиќ, а функцијата министер за одбрана ќе ја преземе поранешниот државен секретар во Министерството за одбрана, Здравко Јакоп, бригаден генерал од Вишњица кај Лепоглава.
Како што се дознава, Баножиќ бил на лов кога се случила несреќата. Во несреќата загина 40-годишниот Горан Шариќ од Привлака, татко на две деца. Баножиќ претекнувал камион со својот теренец во густа магла и директно се судрил со комбе кое доаѓало од другата насока, потврди ДОРХ.

