19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтреловит раст на крипто пазарот, ETF фондовите речиси сигурно ќе бидат одобрени

Стреловит раст на крипто пазарот, ETF фондовите речиси сигурно ќе бидат одобрени

Во последните две недели се зголемува цената на биткоинот. Во октомври цената на најголемата криптовалута се зголеми за 29 отсто.

Во првите девет дена од ноември цената се зголеми за дополнителни пет отсто и накратко ја надмина вредноста од 37.000 долари.

Меѓутоа, во изминатите две недели, доминацијата на биткоинот малку се намали, што покажува дека преостанатите криптовалути добиваат на вредност во однос на биткоинот. Затоа, се забележува поголема доверба од инвеститорите кои се подготвени да преземат дополнителен ризик со купување на алтернативни монети. Целиот развој на настаните укажува на позитивен пресврт во расположението на инвеститорите.

Растот на цените и понатаму е поттикнат од веста за очекуваните ЕТФ фондови. Најважниот развој во оваа светлина е координацијата на Grayscale Investments со Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) во врска со конверзијата на GBTC во ETF. Претставниците на Grayscale моментално одговараат на прашања на две одделенија на Комисијата за хартии од вредност на САД, откако ја прославија судската победа над комисијата.

Иако компанијата е “шкрта” во врска со деталите за тоа што се случува, за медиумите зборуваше Крег Салм, шеф на правниот оддел, кој меѓу другото рече дека се работи само за денови и формално одобрување на ЕТФ фонд.

Како и да е, прогнозите сега се многу оптимистички. Биткоинот би можел да биде таргетиран од продавачите на ниво од 110.000 долари како што се развива неговиот нов биков циклус, сугерира еден индикатор. Податоците од аналитичката платформа на синџирот Look Into Bitcoin ја покажуваат „терминалната цена“ на биткоинот што укажува на можен врв со шест цифри.

Бидејќи цената на BTC се движи околу највисоките нивоа во последните 18 месеци, прогнозерите веќе размислуваат колку високо би можело да оди во наредните месеци, па дури и години.

По следното преполовување на блок во април 2024 година, целита е 130.000 американски долари, а крајот на 2025 година е популарен рок за врвот на следниот циклус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП