6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИма ли државата проблем во собирањето на приходи од ДДВ?!

Има ли државата проблем во собирањето на приходи од ДДВ?!

За речиси 22 отсто се намалени приходите од ДДВ во периодот од јануари до септември годинава во однос на истиот период лани. Експертите посочуваат неколку аргументи кои влијаат врз собирањето на средстгва по основ на ДДВ во државната каса, меѓу кои и забавувањето на трендот на инфлација, таканаречената панична потрошувачка, слабиот раст на БДП, и секако сивата економија. Власта смета дека нема место за паника, со образложение дека има променета наплата на увозот на струја и поради мало одложено плаќање работите полека ќе си дојдат на свое.

Даночниот експерт Павле Гацов посочи неколку битни причини кои според него даваат одговор на прашањето: Зошто приходите од ДДВ се помали од очекувањата или од планот за првите девет месеци од 2023 година, во однос на истиот период лани. Гацов напоменува дека високата минатогодишна база за споредба, односно – трендот на инфлацијата забави годинава. А тоа се потврдува со фактот што ланскиот кумулативен раст на трошоците на живот за првите девет месеци од годината изнесуваше 18,4 отсто. Годинава растот на трошоците на домаќинствата од јануари до септември изнесува само 3,3 отсто. Оваа анализа Павле Гацов ја продолжува со растот на потрошувачката, односно во текот на ланската година тој вели дека имало раст во делот на туризмот, потоа дознаките, а дополнително влијание имале и ланските стимулации кои дополнително ја зголемиле потрошувачката.

„Влијание имаше и тнр „панична потрошувачка“ предизвикана од почетокот на војната во Украина. Влијание има и одложеното плаќање на ДДВ при увозот на електрична енергија. Наместо при увозот на струја, ДДВ се плаќа при прометот во земјата. Ова само го одлага моментот на плаќање на данокот. (Потсетуваме дека струјата беше вратена на режимот 18% од 1 јули 2023 година.) Ланските цени на нафтените деривати и цените на електричната енегија беа рекордни (со тоа и основата за пресметување на ДДВ на овие важни ставки беше највисока). На нето приходите од ДДВ влијае и повисокиот праг за поврат по мерката „Мој ДДВ“. Реалниот пад на трговијата на мало за 1,8% (септември 2023 : септември 2022 година.Слабиот раст на БДП за вториот квартал од 2023 година од 1,1% (прв квартал = 2,1%). Сивата економија и ефектот од неиздавањето фискални сметки, не се последна причина за помалите приходи од ДДВ, во однос на потенцијалот“, вели даночниот експерт Павле Гацов.

Од владата неколку пати се обидоа да најдат оправдување, уште пред неколку месеци кога државните надлежни институции објавија дека во периодот од јануари до јули наплатата на ДДВ е покуса за 112 милиони евра.

„Анализите покажуваат дека понискиот ДДВ произлегува од намалената наплата при увоз на електрична енергија и гас. Имено, во членот 27 од Законот за данокот на додадена вредност е додадена нова точка, 5), во која се додадоа природниот гас и електричната енергија преку систем за пренос како добра ослободени од ДДВ при увоз. Тоа значи дека при увозот на гас и електрична енергија Царинската управа нема обврска да пресмета и да наплати ДДВ. Ослободувањето од ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија не предизвикува нивно неоданочување со ДДВ, туку само промена на режимот на оданочување (примена на reverse charge механизмот)“, велат од УЈП.“

Сепак познавачите на оваа проблематика сметаат дека високата стапка на неформална економија е еден од главните проблеми на македонската економија. Дури една третина од економијата се работи на црно. Неможноста да се стават во системот несовесните бизнисмени ги прави неконкурентни оние кои што редовни си ги плаќаат обврските кон државата. Во состојба кога владата ненавременено и спротивно на планот ги собира парите од даноци губат сите: државата, стопанството но и граѓаните.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП