24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСo Ford Focus 1.0л EcoBoost, еко-возачите поминуваат 1600 км (1000 милји) со...

Сo Ford Focus 1.0л EcoBoost, еко-возачите поминуваат 1600 км (1000 милји) со само еден резервоар на бензин

ford

  • Ford Focus 1.0л EcoBoost покрива 1619 километри (1006 милји) со еден полн резервоар
  • Еко-возачите Кнут Вилтхил и Хенрик Борчгревинк ја поминаа Норвешка, Шведска и Финска и постигнаа ефикасност од 3.3л/100 км
  • 1.0л EcoBoost мотор на Форд – прогласен за меѓународен мотор во 2013 и во 2012 година – се нуди исто така и со Fiesta, B-MAX, C-MAX и Grand C-MAX

 

Ford Focus појачан со победничкиот мотор 1.0л EcoBoost помина повеќе од 1600 километри (1000 милји) со само еден резервоар гориво; достигнување кое еко-возачите Кнут Вилтхил и Хенрик Борчгревинк го утврдуваат како нов репер во автомобилизмот.

Дуото од Норвешка, извози 1619 километри (1006 милји) низ Норвешка, Финска и Шведска со стандарден 125 PS Focus 1.0л EcoBoost мотор – и напоменуваат дека просечната потрошувачка на гориво од 3.3л/100км (85mpg) исто така поставува нов репер.

Вилтхил и Борчгревинк велат дека не постојат други официјални рекорди за било кое од двете достигнувања, но се сигурни дека постигнале да постават нов репер во автомобилската индустрија.

„ Вилтхил и Борчгревинк ги подместија границите со тоа што покажаа дека малиот мотор 1.0л EcoBoost е способен и постави нова референтна точка“ изјави Барб Самарџич, потпретседател на Развој на Производи, Форд, Европа. „Ова го потцртува влијанието кое технологијата на Форд моторот EcoBoost го има во секојдневниот живот на нашите клиенти.“

Почнувајќи од 400 километри (250 милји) северно од Арктичкиот Круг во Котокеино, Вилтхил и Борчгревинк поминаа 28 часа во текот на два дена пред конечно автомобилот да остане без гориво во Осло, Норвешка. Возачите ја максимизираа ефикасноста со возење наоколу со 60км/час (38 mph) и избегнаа кочење таму каде што беше возможно, или користење на клима уредот – иако температурите вариваа од 22°C до замрзнување. Патувањето беше надгледувано од страна на норвешката полиција.

„Моравме да кочиме кога имаше елени на патот, но во поголем дел од патувањето возевме колку што можевме поефикасно“ изјави Вилтил. „Неверојатниот мотор 1.0л EcoBoost е главната причина зошто го одбравме Focus и се докажа како светски шампион.“

Доволно мал за да го собере во кабинскиот багажен простор на авион, 1.0л EcoBoost моторот на Форд кој е прогласен за  Меѓународен Мотор за 2013 и 2012 година, нуди комбинација од директно вбризгување на горивото, турбо-полнење и варијабилно темпирање на вентили  кое ја намалува потрошувачката на гориво без да ја жртвува моќта на автомобилот. Ford Focus 1.0л EcoBoost нуди номинална ефикасност на горивото од 5.0л/100км (56.5 mpg), а Ford нуди и 100 PS верзија на овој автомобил со 4.7л/100км (60 mpg) и 109 г/км. Наредната година Ford ќе лансира нова верзија на Ford Focus 1.0 литарски EcoBoost кој ќе биде првиот не-хибриден автомобил на бензин во Европа, кој ќе нуди 99 г/км емисија на CO2 *.

За автомобилската компанија Ford

Ford Motor Company, е глобален лидер во автомобилската индустрија лоциран во Даерборн, Мич, кои произведуваат и дистрибуираат автомобили низ шест контитенти. Со околу 171.000 вработени и 65 фабрики ширум светот, а во  автомотивниот бренд на компанијата се вклучени Форд и Линколн. Компанијата обезбедува финансиски услуги преку Ford Motor Credit Company.
 За повеќе информации за производите на Форд посетете ја страницата www.corporate.ford.com

Ford од Европа се одговорни за производство, продажба и сервисирање на брендирани возила на Форд на посебни 51 пазари и вработува околу 66.000 вработени. Како дополнување на Ford Motor Credit Company, операциите на Форд од Европа вклучуваат Дивизија за услуга на клиенти на Форд (Ford Customer Service Division) и 22 производни постројки вклучувајќи и компании со заедничко вложување. Првите автомобили на Форд биле утоварени и пренесени во Европа во 1903 год.- истата година кога е основана и Ford Motor Company.

Производството во Европа започнало во 1911 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП