2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали 15,6 милиони евра ќе го спасат железничкиот сообраќај?

Дали 15,6 милиони евра ќе го спасат железничкиот сообраќај?

Владата на Република Македонија одлучи да додели 15,6 милиони евра на АД „Железници Транспорт“ со цел да се подобри железничкиот сообраќај во земјата.

Ова државно претпријатие е редовен загубар и должник. Само во првата половина од годинава загубите изнесуваат речиси 65 милиони евра, па автоматски се поставува прашањето што може да се направи со 15,6 милиони евра?

Еден од вработените во раководството на МЖ-Транспорт, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен, признава дека во фирмата владее тотално безредие и дека компанијата е бунар без дно.

Тој вели дека заедно со МЖ-Инфраструктура вработени се околу 1.800 луѓе, за кои треба редовно да се обезбеди плата, а за возовите нема резервни делови, додека пругите се распаѓаат.

Нашиот соговорник вели дека не може ништо да тргне на подобро сè додека со оваа институција раководат партиски кадри, а на конкурсите за вработување се вработуваат само партиски војници без соодветно образование и знаење.

Според него, 15,6 милиони евра се далеку од доволни за да се реши проблемот со железничкиот сообраќај во Македонија.

„Ние сме во катастрофална состојба. Немаме пари за ништо. Возовите ни се стари и расипани, пругите ни се скапани, истрошени и опасни, вработените ни се несреќни и демотивирани. Оваа компанија се наоѓа на работ на пропаст. 15,6 милиони евра се капка во океанот. Ние треба да се реструктурираме од глава до пети, да се откачиме од политичките влијанија и да се фокусираме на квалитет и ефикасност. Но, јас не верувам дека тоа ќе се случи. Оваа влада нема интерес да го подобри железничкиот сообраќај, туку само да го искористи за свои цели” – вели нашиот соговорник.

Тој смета дека потребни се многу повеќе средства, како и реформи во системот на управување и работење на МЖ-Транспорт.

Предлага да се направи анализа на трошоците и приходите на претпријатието, да се смени кадарот, да се модернизираат возовите и пругите, да се воведат нови технологии и да се зголеми квалитетот на услугите.

Дали владата ќе ги послуша овие совети или ќе продолжи да го финансира ова претпријатие без да постигне подобри резултати, ќе се види во иднина.

За сега, патниците и вработените во МЖ-Транспорт ќе мора да се задоволат со тоа што раелно го имаат, а тоа е далеку од тоа што реално го сакаат и заслужуваат.

Инаку, државното железничко претпријатие веќе одамна е во голема криза, надвор од функција се укинатите патнички возови од Скопје кон Битола, Кичево, Табановце и Кочани. Воедно, речиси секој месец има штрајк на вработените поради доцнење со исплатата на плати.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП