28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDHL со значително помал профит и приход во третиот квартал

DHL со значително помал профит и приход во третиот квартал

Германската логистичка компанија DHL Group објави остар пад на добивката и приходите во третиот квартал во средата поради бавното онлајн купување по пандемијата и слабата економија.

Приходите на DHL во третиот квартал изнесуваат 19,40 милијарди евра и се за 19,3 отсто пониски во однос на истиот период минатата година, покажуваат деловните резултати.

Добивката пред камати и даноци (EBIT) падна за 32 отсто, на 1,37 милијарди евра. Речиси за ист процент се намали и нето добивката која потона на 807 милиони евра.

Логистичките компании се обидуваат да ги усогласат оперативните трошоци со глобалната побарувачка која се врати на нивоата пред пандемијата и се борат за удел на пазарот, објаснува Ројтерс.

Така, за прв пат по повеќе од четири години во октомври, малопродажните компании во САД без поголеми проблеми добиле попусти од UPS и FedEx, покажуваат податоците во секторот и разговорите со консултанти на логистички компании во преговорите за цените.

Во првата половина на 2022 година, двата логистички гиганти ги елиминираа ваквите предлози, бирајќи ги клиентите кои им носеа најмногу пари. Денеска со голема тешкотија полнат камиони, објаснува Ројтерс.

„Прогнозите за закрепнување на глобалната економија се уште не се остварени“, изјави извршниот директор на DHL, Тобијас Мајер.

Поради тоа, логистичката групација ја намали прогнозата за добивката за оваа година и на среден рок.

Во 2023 година очекуваат заработка пред камати и даноци (EBIT) во опсег од 6,2 до 6,6 милијарди евра. Во претходната прогноза, горната граница на очекуваниот опсег беше седум милијарди евра.

За 2025 година, тие предвидуваат EBIT помеѓу седум и осум милијарди евра. Досега прогнозираа дека ќе надмине осум милијарди.

„Прогнозата ни изгледа конзервативна“ и имплицира дека макроекономскиот амбиент ќе биде слаб и во следните две години, пишуваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП