Не е нотиран напредок во судството, борбата против корупцијата и реформата на јавната администрација, нотира новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.
Делумно подобрување има во економските критериуми, но клучните области во првиот кластер остануваат без напредок. Влијание на тоа, како што се посочува, имаат и измените на Кривичниот законик, што беа изгласани во брза собраниска процедура. Во овој дел пишува дека максималните законски казни поврзани со корупција беа намалени, а тоа влијаеше на застарување, запирање, па дури и прекинување на голем број случаи на корупција на високо ниво, вклучително и на случаи од поранешното СЈО.

