18 мај, 2024
ПочетнаСВЕТВАКА БИ ТРЕБАЛО ДА ИЗГЛЕДА ДЕНОТ ПО ОКОНЧУВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО ГАЗА:...

ВАКА БИ ТРЕБАЛО ДА ИЗГЛЕДА ДЕНОТ ПО ОКОНЧУВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО ГАЗА: Блинкен се огласи и го претстави американскиот план

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повторно ги отфрли повиците за итен прекин на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и ја истакна позицијата на САД за тоа како треба да изгледа „денот по“ крајот на војната во палестинската енклава.

Тој на прес-конференција по состанокот на Г7 во Токио рече дека сите сакаат „што е можно поскоро да се стави крај на конфликтот и во меѓувреме да се минимизираат страдањата на цивилите“, пренесува Гардијан.

-Но, како што разговарав со моите колеги од Г7, оние кои повикуваат на итен прекин на огнот имаат обврска да објаснат како да се справат со неприфатливиот исход што најверојатно би го донел. Хамас се повлече со повеќе од 200 заложници, со капацитет и декларирана намера да го повторува 7 октомври, повторно и повторно – нагласи Блинкен.

Блинкен ја истакна позицијата на САД за тоа како треба да изгледа „денот потоа“ во Појасот Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Хамас.

Тој за новинарите изјави дека тоа се условите потребни за „траен мир и безбедност“.

Блинкен изрази став дека Израел не може да управува со Газа, но дека може да има „преоден период“ по завршувањето на сегашниот конфликт.

-Газа не може да продолжи да биде управувана од Хамас. Тоа е едноставно повик да се повтори 7 октомври. Јасно е и дека Израел не може да ја окупира Газа – изјави Блинкен, пренесува Ројтерс.

Тој нагласи дека сегашната реалност е дека можеби ќе има потреба од некој преоден период на крајот на конфликтот.

-Ние не поддржуваме повторна окупација и она што го слушнав од израелските лидери е дека немаат намера повторно да ја окупираат Газа – рече Блинкен.

Американскиот државен секретар изјави дека клучните елементи на идниот мир вклучуваат дека нема да има „присилно раселување на Палестинците од Газа“.

-Не сега, не по војната – рече Блинкен.

Тој наведе други услови: нема употреба на Газа како платформа за тероризам или насилни напади, нема повторна окупација на Газа по завршувањето на конфликтот, нема обид за блокирање или опсада на Газа, нема намалување на територијата на Газа и мора да се осигура дека „Ниту една терористичка закана не доаѓа од западниот брег“.

Американскиот државен секретар, исто така, рече дека САД бараат идно решение за „одржлив мир“, вклучително и ставање на „палестинските гласови и аспирации во центарот на посткризното владеење во Газа“.

Блинкен рече и дека плановите мора да вклучуваат обединување на Газа со Западниот Брег под палестинската управа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП