Стопанска банка а.д. Битола своето портфолио на производи го дополни со нов денарски депозит – детско штедење со промотивна фиксна каматна стапка од неверојатни 4,1%, со рок на орочување 36 месеци. Детското штедење е наменето за деца од нивното раѓање па се до 18 годишна возраст.
Она што е потребно за отворање на депозит за детско штедење е како застапник да се јави најмалку еден од родителите, што се докажува со Извод од матична книга на родени на детето и почетен депозит со минимален износ од 3.000,00 денари.

