9 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводите дополнително ќе поевтинат ако Владата реши да ги намали царините!

Производите дополнително ќе поевтинат ако Владата реши да ги намали царините!

Министерството за финансии е во последни подготовки на новиот предлог буџет за 2024 година. Додека се подготвува и државната каса за следната година, со секој нареден ден се очекува владата да го објави и новиот пакет на мерки кој е наманет за граѓаните. Но бизнисот апелира, во следната година да има повеќе мерки и програми за поддршка на стопанството, бидејќи се очекува следната година да биде многу попроблематична од оваа. Бизнисмените се на став дека со заеднички напори ќе може да се влијае врз намалување на трошоците на компаниите, а тоа ќе значи стабилизирање на инфлациските шокови а со тоа и избегнување на нови поскапувања на производите кои граѓаните редовно ги набавуваат.

Бизнис секторот апелира до владата да се разгледаат царините и останатите давачки кои ги имаат кон државата и да се направи селекција, дел да се намалат, а дел да се укинат. На тој начин можно е да се елиминира можноста од нови поскапувања и раст на инфлацијата. За да не дојде до такви негативни последици и во следната година, владата да предвиди соодветни олеснувања за водење на бизнис, со намалување на царините ќе се намалат и цените на производите за граѓаните. На тој начин компаниите ќе имаат намалени трошоци и можност да продаваат поевтини производи, а граѓаните ќе може да здивнат од континуираниот раст на производите. Ова е едно од барањата на Сојузот на стопански комори од каде додаваат дека Владата во 2024 година мора да биде партнер на стопанството ако навистина се залага македонската економија да испорача вистински раст.

„Компаниите од Македонија имаат три до четири пати поскапи царини од Европската Унија. Зошто со тоа не се усогласуваме со Европската Унија. Ако ги гледаме цените кои што се во Европската Унија и кај нас ќе може да се забележи дека кај нас ист производ кој го има и во Германија е поскап бидејќи плаќаме повисоки церини. Ако зборуваме за цените во иднина треба да бидеме многу внимателни, бидејќи имаме големи давачки во одредени сезони од годината кои драстично влијаат врз крајната цена. “

Од владата се на став дека укинати се поголемиот дел од давачките на компаниите пред се во однос на прехранбените производи. Надлежните уверуваат дека и тие сакаат да придонесат во стопанството. Во последниов период од валадата додаваат дека било проблем да се укинат давачките за дел од суровините потребни за производство на месни преработки со образложение дека потребни се промени на низа законски решенија. Во однос на барањата на стопанствениците, властите велат дека се размислува за нови мерки за бизнисот но тие да бидат подолгорочни, а не на мал рок како шест месеци или на една година.

„Повисок економски раст од оваа година, пониско ниво на инфлација и продолжување на фискалната консолидација се очекувањата за наредната 2024 година како основни постулати во Буџетот, кој до средината на овој месец треба да се достави до Собранието на усвојување. Наредната година очекуваме поповолен тренд на раст на БДП од овој во 2023 година и да продолжиме со фискална консолидација која ја започнавме уште од 2021 година намалувајќи го буџетскиот дефицит од 8%, колку што беше во 2020 година на 4,6% оваа година и тој ќе продолжи да се намалува следната година кој ќе биде под 4% од БДП“, велат од владата.

Ова не е прв пат компаниите да бараат од властите намалување на царините и останатите парафискални давачки кои им претставуваат голем финанасиски трошок. Многупати се слујчувало да има поклопување на ист вид на давачка или такса која што е потребна за одредена активност на правното лице на локално или на централно ниво.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП