1 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАБуковката - нов хит во подрумите на Скопје

Буковката – нов хит во подрумите на Скопје

Сѐ повеќе луѓе во Скопје се одлучуваат да одгледуваат свои печурки во своите подруми. Буковката е една од најпопуларните и најлесните печурки за одгледување во домашни услови. Сè што ви треба е една вреќа со мицелиум на буковка, која може да го купите за 260 денари по вреќа.

Мицелиумот е мрежа од бели конци која го содржи генетскиот материјал на печурката.

Вреќата со мицелиум треба да ја ставите во темно и влажно место, како подрум или во шпајз. Одвреме-навреме треба да ја прскате со свежа вода, за да ја задржите влажноста. По неколку дена, ќе почнат да растат печурки од вреќата, кои може да ги берете и да ги јадете.

Буковката е многу здрава и вкусна печурка, која содржи протеини, витамини и минерали. Таа може да се приготвува на разни начини, како салата, супа, да се пече или да се пржи. Буковката има мек и кремаст вкус, кој добро се комбинира со други состојки.

Васил Жарковски е скопјанец кој веќе некое време одгледува буковка во својот подрум.

Нашиот соговорник вели дека постојано има по неколку вреќи со мицелиум на буковка и дека неговите деца многу ја сакаат оваа печурка.

„Секогаш имам свежа и органска храна во мојот дом. Буковката е многу лесна за одгледување и не бара многу простор или грижа. Секое утро имам свежи печурки за појадок или за ручек. Моите деца уживаат во берењето и во приготвувањето на буковката, а најмногу уживаат кога ја јадат. Тие учат за природата и здравата исхрана”, рече Жарковски.

Тој посочува дека мицелиумот го нарачува од Кочани и му го носат до домашна адреса.

„По неколку месеци, откако мицелиумот ќе се испости и веќе нема да раѓа печурки во полна сила, јас повторно нарачувам нова тура од Кочани. Обично купувам по 5-6 вреќи и ми ги носат до дома.

Многу е исплатливо. За 5 вреќи плаќам 1.300 денари, а неколку месеци сум обезбеден со печурки“, објаснува Жарковски.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП