Извршниот директор на „Skoda“, Клаус Целмер, потврди дека во 2028-ма или 2029-та година ќе се појави првиот автомобил што ќе ја користи платформата SSP – а тоа е „Skoda Mk2 Enyaq“.
„Моделот „Enyaq“, кој, инаку, ќе се произведува во Млада Болеслав во Чешка, се префрла на „SSP“ од платформата „MEB“ во 2028-ма или 2029-та година“, рече Целмер и на прашањето дали новиот модел ќе се разликува од поголема мерка од сегашната, рече тој само „сѐ уште работи на тоа“.
Со оглед на успехот на сегашниот „Enyaq iV“, малку е веројатно дека брендот ќе се оддалечи од формулата додека го подготвува моделот „Mk2“.
Минатата година, „Skoda“ испорача речиси 54.000 примероци на „Enyaq“, а во првата половина од оваа година е забележан раст на продажбата од 41% во однос на 2022-ра година, што е и период во кој „Enyaq“ беше деветтото најпродавано EV во Европа.
Главна меѓу техничките промени на „Mk2“ е воведувањето на нова „унифицирана“ структура на батерии, развиена во компанијата, која ќе се најде во повеќето модели на групацијата „VW“.
Првите детали сугерираат дека компатибилноста со 800V ќе значи време на полнење од 10% до 80% за само 12 минути. Сегашниот „Enyaq“, за споредба, треба да потроши 35 минути за ова.