27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве како можете сами да го намалите крвниот притисок

Еве како можете сами да го намалите крвниот притисок

Високиот крвен притисок е поопасен од нискиот крвен притисок бидејќи последователните покачени вредности може да доведат до трајно оштетување на крвните садови.

Високиот крвен притисок може да предизвика голем број сериозни здравствени проблеми, па затоа е важно да знаете како веднаш да го намалите во итен случај, пишува CityMagazin.

-Испијте една или две чаши вода, тоа ќе ви помогне да ја разредите крвта и привремено да го намалите крвниот притисок.

-Ставете ладни облоги на челото, вратот или зглобовите – ова веднаш предизвикува стеснување на крвните садови и го намалува крвниот притисок.

-Применете ја техниката на длабоко дишење: земете неколку длабоки вдишувања низ носот и издишете преку уста – ова го намалува стресот и напнатоста и на тој начин помага во намалување на крвниот притисок.

-Шолја чај од хибискус или камилица исто така може да ви помогне да се смирите, додека црн чај или кафе треба да се избегнуваат, особено во ситуации кога вашиот крвен притисок скока.

Можете да изедете парче темно чоколадо, кое ќе го поттикне лачењето на ендорин, кои делуваат смирувачки.

-Лесната физичка активност, како брзо одење или лесно истегнување, може да помогне привремено да се намали крвниот притисок.

-Зголемете го внесот на калиум воопшто и намалете го внесот на сол доколку сакате да го намалите крвниот притисок. Калиумот ја смирува напнатоста во телото и на тој начин помага за намалување на крвниот притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП