3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШарапова и Федерер се најдобро платени во тенисот

Шарапова и Федерер се најдобро платени во тенисот

fedex maria

Роже Федерер и Марија Шарапова се најдобро платените тенисери во светот, според листата на списанието Форбс за 2013-та година.

Федерер заработил 71.5 милиони долари, вклучувајќи 6.5 милиони долари од наградни фондови и 65 милиони долари од други обврски. 32-годишниот Швајцарец потпиша договор со „Nike“ за 10 милиони долари. Тој има договори уште со „Moet & Chandom“ (за 30 милиони долари), „Wilson“, „Rolex“, „Credit Suisse“, „Mercedes- Benz“ и други. Тој заработи и хонорар од 14 милиони долари за 6 натпревари кои ги одигра во Јужна Африка.

На второ место е Русинката Марија Шарапова со 29 милиони долари. 6 милиони долари од нив се од наградните фондови. Шарапова не е само најдобро платената тенисерка, но и најдобро платената жена спортист во светот веќе деветта година по ред според Форбс. Таа има рекламни договори со „Nike“, „Samsung Electronics“, „Head“, „Tag Heuer“ и „Evian“, а во април оваа година потпиша со „Porsche“. Освен тоа таа ја објави својот линија на слатки производи „Sugarpova“.

Новак Ѓоковиќ е трет со 26.9 милиони долари. Шпанецот Рафаел Надал е на 4-то место со 26.4 милиони долари. Во топ 5 влегува и Серена Вилијамс со 20.5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП