2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој сака да го исклучи парното треба да плати околу 150 евра!

Кој сака да го исклучи парното треба да плати околу 150 евра!

На неколку дена од објавата на новата цена за парното, од Граѓанското здружение „Но Пасеран“ велат дека домаќинствата кои не се задоволни од услугата и сакаат да го откажат парното греење, тоа не може да го сторат веднаш бидејќи се соочени со административни пречки. Дополнително, велат дека во исто време додека цената на парното се зголемува, домовите на граѓаните се студени бидејќи не се испорачува доволно топлина.

Од здружението „Но Пассеран“ велат дека секојдневно добиваат поплаки од граѓани кои не се задоволни од парното греење во градот Скопје. Но и покрај барањата тие не може да го исклучат парното греење од својот дом. Од „Но Пасеран“ велат дека условите за исклучување се речиси невозможни, а со тоа обвинуваат дека на некој начин граѓаните се уценети. Нивниот став дека по ова последно зголемување на цената на парното од 4,5 отсто дополнително ќе има граѓани кои ќе сакаат да се исклучат, и тоагаш ќе се соочат со Правилникот на Регулаторната комисија за енергетика. И тука настанува таа „мат позиција“. Но од здружението велат дека можно е да има масовно исклучување на цели влезови каде ќе бидат исклучувани и потстаници. За да не дојде до тоа и граѓаните кои сакаат да останат  на системот за парно греење, од „Но Пасеран“ велат дека само на тој или на сличен начин надлежните би можеле да ги чујат и да им ја забрзаат постапката за исклучување од системот за парно греење.

„Процедурата е долга и скапа. Нашите пресметки се дека од околу 100 до 150 евра ќе чини најмалку исклучување од системот за парно греење. На тој начин им е одземено правото да се греат граѓаните како сакаат. Треба да се прават елаборати за енергетска ефикасност, треба да се докаже дека живее во станот, треба да биде потрошувач на електрична енергија. И пота доаѓа онаа обврска за плаќање на тој паушал, односно да докаже граѓанинот колку струја потрошил, а потребната количина која треба да е потрошена е невозможно да се достигне, бидејќи се работи најчесто за мали станови, и објекти кои се добро изолирани. И на тој начин не може да се исклучат.“

Од „Но Пасеран“ обвинуваат и дека не се почитува договорот кој е постигнат со Регулаторната комисија за енергетика за поставување на калориметри во домовите на граѓаните.

„Се уште Регулаторната комисија за енергетика нема донесено одлука да секој корисник мора да има свој сопствен калориметер. Тоа ние го договоривме со нив пред три години,. Меѓутоа Регулаторна не си стои на зборот. Овие калориметри треба да ги плати, сега новата компанија, а тоа е ЕСМ Снабдување со топлина, и тие треба да се инсталираат кај сите корисници и така ќе имаме фер услуга за греење на топлинска енергија. “

Од Регулаторна пак, уверуваат дека и натаму греењето на парно е најисплатлово. Граѓаните кои не се задоволни од услугата може слободно да се исклучат, велат од Регулаторна.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП