6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинезите го направија најаеродинамичниот автомобил на светот (ФОТО)

Кинезите го направија најаеродинамичниот автомобил на светот (ФОТО)

Кинеската автомобилска марка „Chery“ претстави нов концепт за кој тврди дека е најаеродинамичниот автомобил во светот. Студијата е дизајнирана со користење на голем број симулации на вештачка интелигенција.

„Chery Automotive“ е еден од 10-те најголеми производители на автомобили во Кина, специјализиран главно за производство на електрични автомобили и хибриди. Покрај пристојното присуство во родната Кина, возилата на „Chery“ остануваат едни од најизвезените, особено на помалите прекуокеански пазари како Бразил, Иран, Северна Африка, Пакистан, Уругвај, Венецуела и Виетнам.

Кинезите споделија детали за нивниот нов концепт на „Weibo“, објаснувајќи дека нивниот тим црпел инспирација за дизајнот од туната, една од најхидродинамичните риби во морето. Компанијата, исто така, сподели дека дизајнот на електричниот автомобил е создаден со техники за симулација на вештачка интелигенција што помина низ над 2.000 различни случаи на оптимизација за да се постигне потенцијално рекордно соборување коефициент на отпор.

Прикажаниот прототип доби двобојна каросерија со низок покрив, речиси рамни лакови на тркалата и мали камери наместо ретровизори. За време на тестовите во август, автомобилот покажа Cd од 0,168 – исто како и концептот „Daihatsu UFE-III“ од 2005-та година. За споредба: за „Lightyear 0“ – „соларниот автомобил“ оваа бројка е 0,175, но компанијата сè уште не започнала масовно производство.

Меѓу сериските модели, „Lucid Air“ (0,197) може да се смета за рекордер во аеродинамиката. По него следуваат електричниот „Mercedes-Benz EQS“ (0,20), „Tesla Model S“ (0,208) и „Nio ET7“ (0,208).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП