2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЛидерот на Хезболах откри што ќе прави во Газа, а има само...

Лидерот на Хезболах откри што ќе прави во Газа, а има само една порака за Американците

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, го одржа долгоочекуваниот говор пред светот, откривајќи ја вистинската улога на оваа организација во војната во Газа, и како таа ќе продолжи.

Лидерот на Хезболах рече дека она што сега се случува во Газа е одлучувачка битка која не е како претходните војни. Тој вели дека секој мора да сноси одговорност за тоа.

-Имаме две цели. Да се ​​запре војната во Газа и второто е Хамас да биде победник за да воспостави мирен живот во регионот – рече Насралах.

Насралах истакна дека арапските и муслиманските земји треба да соработуваат за да ја запрат војната во Газа.

-Ги повикувам сите арапски земји да престанат да тргуваат со Израел.

Тој додаде дека „непријателот“ им се заканува на Либан и на Либанците додека тоне во песокот на Појасот Газа.

Лидерот на Хезболах во својот говор имаше и посебна порака за САД.

-Борбата со нас нема да ве одведе никаде, без разлика дали им се заканувате на земјите или на движењата на отпорот, ако ни се заканувате во нашите земји нема да стигнете никаде, вашите морнарици во Медитеранот никогаш не не исплашиле. И јас отворено велам дека вашите бродови што ни се закануваат, ние сме подготвени и за нив, сетете се на вашите порази во Ирак, Либан и Авганистан и сетете се како избегавте од Авганистан, само сакам да ве потсетам дека тие што ве поразија таму се уште живеат- нагласи Насралах.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП