3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ќе може да ги ажурира iPhone телефоните додека се уште се...

Apple ќе може да ги ажурира iPhone телефоните додека се уште се во нивните кутии

Веќе нема да треба да го ажурирате вашиот iPhone веднаш штом ќе го извадите од кутијата.

Според извештајот на Марк Гурман од Bloomberg, Apple развил „специјален уред како подлога“ за оваа намена. Вработените на Apple ќе можат да постават iPhone на тој уред, кој потоа безжично ќе го вклучи iPhone, ќе го ажурира неговиот софтвер и повторно ќе го исклучи. Сето ова може да се направи без отворање на пакувањето.

Според Гурман, Apple планира да започне со ширење на оваа функција во своите продавници пред крајот на 2023 година. Овој систем потенцијално би го олеснил често мачниот процес на сетирање на нов телефон. Со елиминирање на (често неопходната) потреба за ажурирање на вашиот iPhone веднаш откако ќе го извадите од кутијата и ќе го вклучите, ќе се отстрани уште еден чекор што треба да се направи пред да почнете да го користите вашиот нов телефон.

Гурман сподели и неколку други забелешки за претстојните уреди на Apple. Тој рече дека Apple планира да лансира поевтина верзија на своите слушалки Vision Pro, кој ќе има процесор за iPhone внатре (наместо чип од класата Mac) и ќе го изостави надворешниот екран.

Исто така, ќе има помалку надворешни камери и сензори. Цената за овај поевтин Vision Pro headset би била помеѓу 1.500 и 2.500 долари.

Во извештајот се споменуваат и нови Mac уреди. Гурман вели дека следните висококвалитетни MacBook Pro, со 14-инчни и 16-инчни екрани и Apple M3 Pro и M3 Max чипови, се блиску до масовно производство и би можеле да бидат лансирани во првиот квартал на 2023 година. Доаѓаат и нови 13 и 15-инчни MacBook Airs со Apple M3 чипови, веројатно некаде помеѓу пролетта и летото следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП