5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТВО ГАЗА ЗАПОЧНАА УЛИЧНИ БОРБИ: Војниците се движат низ градот, Хамас подготвени...

ВО ГАЗА ЗАПОЧНАА УЛИЧНИ БОРБИ: Војниците се движат низ градот, Хамас подготвени за целосен компромис

Израелската армија влегла во тесна борба со припадниците на палестинското движење Хамас во градот Газа, пишува американскиот портал The Hill, повикувајќи се на портпаролот на IDF, бригадниот генерал Даниел Хагари.

-Нашите сили убиваат терористи во блиска борба на секое место каде што е потребно, дури и ако е тешко, IDF има предност – рече Хагари и истакна дека војниците се движат низ градот придружувани од тимови кои неутрализираат експлозиви и други опасни работи.

Хагари во понеделникот рече дека копнената операција на Израел во енклавата се проширува за да вклучи дополнителни борбени единици. Истиот ден, тенкови се појавија на периферијата на Газа, а потоа градот беше опколен.

Палестинското движење Хамас во петокот објави дека е подготвено за „целосен компромис“ за размена на заробеници со Израел, изјави Гази Хамад, член на Политбирото на движењето, во интервју за NBC.

-Сакаме луѓето да си одат дома. Сакаме и нашите затвореници да си одат дома. Така што мислам дека сега сме подготвени за целосен компромис и договор за ослободување на сите заложници, воени и цивилни, но и за ослободување на сите затвореници од израелските притворени центри – изјави член на Политбирото на Хамас.

Хамад нагласи дека Хамас има намера да ја продолжи борбата.

-Наше легитимно право е да се бориме против окупацијата во согласност со меѓународното право – рече Хамад.

Претходно, шефот на Политбирото на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвара, изјави дека палестинското движење Хамас е подготвено веднаш да склучи договор за размена на затвореници со Израел.

Војната меѓу Хамас и Израел е веќе 28-ми ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП