3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота: Одлични резултати, прогнозите подогнати

Тојота: Одлични резултати, прогнозите подогнати

Јапонската Тојота повеќе од двојно ја зголеми својата добивка во првата половина од финансиската година, зголемувајќи ја својата деловна прогноза за целата година.

По шест месеци, нето добивката запре на 2,590 милијарди јени (16,2 милијарди евра), а приходот беше 21,980 милијарди јени (137,5 милијарди евра), што е речиси за четвртина повеќе од истиот период минатата година.

Производителот на автомобили очекува да генерира 3.950 милијарди јени (24,7 милијарди евра) нето добивка во фискалната година што завршува во март 2024 година. Првично беше прогнозирана на 2.580 милијарди јени.

Како што пренесува француската новинска агенција АФП, Тојота бележи исклучителна деловна година, најмногу благодарение на силната побарувачка во Јапонија, Северна Америка и Европа.

Производството, кое минатата година беше оптоварено со проблеми во синџирите на снабдување и голем недостиг на чипови, закрепна, додава агенцијата. Тојота произведе рекордни 5,06 милиони возила во првата половина од годината. Речиси 5,2 милиони од нив се продадени ширум светот.

Како што објави производителот при објавувањето на својот полугодишен деловен извештај, ќе инвестира дополнителни 13,9 милијарди долари во фабрика за батерии во Северна Каролина, САД, откако претходно се обврза да инвестира 5,9 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП