петок, 27 мај 2022
ПочетнаАВТОБИЗШампионот на DTM 2013 вози Audi

Шампионот на DTM 2013 вози Audi

dtm

Шампионот на DTM 2013 вози Audi. На претпоследната трка од сезоната , Мајк Рокенфелер со Audi RS 5 DTM предвреме ја освои титулата меѓу возачите на патеката во Зандворт пред 41 000 гледачи. Во исто време , Audi го превзема водството меѓу производителите, а Audi Sport тимот Феникс има најдобар тимски пласман.

“Audi ја обезбеди DTM титулата по неверојатен деветти пат или пет титули во изминативе седум години. Ова уште еднаш го потврдува слоганот „Напредок низ техника” и ги докажува моќните перформанси на нашите RS модели “, изјави претседателот на одборот на директори во AUDI AG , Руперт Штадлер, кој исто како и неговиот колега од одборот д-р Улрих Хекенберг , ги стегаше палците за Мајк Рокенфелер, на крај и двајцата се приклучија на прославата во боксот. “Ние се натпреварувавме против двата наши најсилни конкуренти во DTM – со овој триумф секој Audi возач треба да се гордее.”

Пред финалната трка во Хокенхајмринг , Рокенфелер има 26 поени предност во генералниот пласман, а оваа разлика е недостижна за било кој ривал.

“Освојување DTM титула една трка пред крај на сезоната е фантастично, мислам дека ќе ни треба време да поверуваме во ова што успеавме да го  направиме”, изјави новиот DTM шампион по завршување на трката. “Би сакал да се заблагодарам на Audi, Audi Sport  Феникс и како и на Тимо Шајдер, кој многу ми помогна денес.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП