8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарската такса за руски гас од денеска важи за Македонија, надлежните бараат...

Бугарската такса за руски гас од денеска важи за Македонија, надлежните бараат нови извори

Од денеска Бугарија воведува такса за рускиот природен гас кој ќе се дистрибуира во Македонија. Оваа нова давачка која бугарската влада ја претстави како санкција кон Русија ќе важи и за дистрибуцијата во Србија и Унгарија. Во меѓувреме македонските власти бараат начин како да ја заобиколат оваа давачка за да нема негативни импликации врз економијата во земјава. Таксата изнесува 10 евра за мегават час природен гас. Одлуката за оваа такса Бугарија ја усвои на 13ти октомври, а опозицијата во Бугарија е против водедување на ваква давачка со образложение дека е противуставна.

Додека македонски власти бараат решение што ќе прават или од каде ќе набавуваат природен гас во замена за рускиот, од Европската Комисија Бугарија веќе доби и дозвола да ги користи парите од таксата за потребите на државата.

„Таксите што Бугарија ги наплаќа за транзит на руски гас во Србија, Унгарија и Македонија се национална мерка и затоа е на Бугарија да одлучи каде ќе ги распредели приходите“, соопштија од ЕК.

Во меѓувреме од Министерството за економија се децидни дека не се против воведување на санкции против Русија, сега надлежните државни институции бараат решенија како да постапат во однос на овој нов предизвик кој може повторно да предизвика раст на цените на производите и дел од услугите.

„Ние не се мешаме во нивната фискална политика и во воведување дополнителни такси. Секоја држава има право да воведува внатрешни такси, но да уцениш друга држава на ваков начин е неприфатливо и е спротивно на начелата на работа на Европската Унија. Јас колку што знам Бугарија е членка на Европската Унија и тие механизми треба веднаш да ги укине не само кон нашата држава туку, генерално, затоа што во Европската Унија се неприфатливи“, велат од министерството за економија

Македонските власти чекаат одговор и од Европската комисија и од Европската енергетска заедница каде се испратени дописи за овој нов проблем кој ја засега државата. Надлежните во Македонија бараат да се ослободат количините на природен гас кои ги има закупено од Гаспром во интерконекторот со што на Македонија ќе и овозможи да побара нови извори од овој енергенс.

Земјава годишно троши околу 450 милиони метри кубни природен гас. Со природен гас се произведува и парното во Скопје, но вчера од регулаторна при соопштување на новата повисока цена соопштија дека нема да има ново промена на цената во случај да не се најде позитивно решение во однос на таксата која ја наметна Бугарија за дистрибуција на природен гас.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП