2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоскапува парното во Скопје за 4,51 отсто

Поскапува парното во Скопје за 4,51 отсто

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното зголемување на цената над 50 % одобри 4,51 %.

Тоа на сметка од 1.000 денари значи зголемување од 45 денари, поконкретно на една просечна сметка од 1.800 денари во Скопје, зголемувањето е 80 денари, објасни Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

„Со овие одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично принудени што побргу да го стават во функција топловодот ‘Беласица’ за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕ-ТО. РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на потрошувачите, поставува финансиска рамка и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на ЕСМ. Со работата на ТЕ-ТО и функционирањето на топловодот ‘Беласица’ просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1.800 денари, без работа на ТЕ-ТО – 2.800 денари, што е разлика во цената од 60 %“, изјави Бислимоски.

Вкупно 64.000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП