2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМоќни, ефикасни и отворени – новите 911 Turbo Cabriolet модели

Моќни, ефикасни и отворени – новите 911 Turbo Cabriolet модели

porsche

Динамичноста на новите  911 Turbo модели мултиплицирана со задоволството при возењето кое го нудат врвните спортски автомобили со отворен кров: Тоа е сижето на формулата за овие два нови водечки 911 Cabriolet модели. 50 годишнината од дебито на 911 се совпадна со  40-годишнината од 911 Turbo, сега врвните модели со отворен кров 911 Turbo и 911 Turbo S го имаат своето светско деби. Возилата за прв ќе бидат прикажани на автомобилскиот саем во Лос Анџелес на 20 ноември 2013 година. Со лансирањето на овие два нови водечки 911 модели, Porsche ја удвојува својата понуда на кабриолети.

Дополнувањето на гамата со  911 Turbo Cabriolet и 911 Turbo S Cabriolet  се добива истиот спој на  динамичност, врвни перформанси и ефикасност карактеристики кои беа веќе понудени со купе моделот од пред неколку месеци. Изразено во бројки: Turbo 3,8-литарскиот шест цилиндричен мотор испорачува 520 КС (383 kW), а 911 Turbo S кабриолетот има 560 КС (412 kW). Автомобилите  забрзуваат од нула до 100 km / h за 3,5 односно 3,2 секунди, достигнувајќи ја максималната брзина до 318 km / h. При тоа потрошувачката на гориво е под десет литри: Новите Cabriolet модели според NEDC трошат 9,9 л/100 км што е еквивалентно на 231 g / km СО2). Во споредба со претходните, новите модели имаат 30 КС повеќе, за 0,2 секунди се побрзи до 100 km/h и секако поефикасни се за 15%.

Активното управување на задната оска и активната аеродинамика придонесуваат кон поголема динамика на патот.  Возната динамика на двата нови модели со отворен кров е нешто што не може да се изрази со едноставни бројки, таа треба да се доживее. Активното управување на задната оска има неизмерно позитивен ефект  брз управувањето на двата нови спортски автомобили, како на тркачката патека така и при секојдневната употреба, аеродинамиката се активира едноставно со притискање на копче.

911 Turbo S Coupé

Уште една карактеристика која брзо се забележува кај 911 Turbo Cabriolet е ексклузивниот Porsche лак со лесна рамка од магнезиум. Оваа иновативна технологија овозможува купето на покривот кога е затворен да има еден свод. Новата технологија нуди низа предности кога станува збор за аеродинамиката. Исто како и кај претходните модели, покрив се отвора и затвора за околу 13 секунди , на брзини до 50 km/h.

1) 911 Turbo и 911 Turbo S: потрошувачка во град: 13,2 литри/100 km ; екстра- урбан потрошувачка на гориво: 7,7 литри/100 km ; комбинирана потрошувачка на гориво : 9,7 литри/100 km ; емисија на CO2 : 227 g / km.

2 ) 911 Turbo Cabriolet и Cabriolet 911 Turbo S: потрошувачка во град: 13,4 литри на 100 km ; потрошувачка на отворен пат: 7,8 литри/100 km ; комбинирана потрошувачка: 9,9 литри/100 km емисија на CO2: 231 g / km

 

porsche1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП