2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТАмериканците: Ризикот од ширење на војната е реален

Американците: Ризикот од ширење на војната е реален

Соединетите Држави гледаат „зголемен ризик“ од прелевање на конфликт на Блискиот Исток бидејќи силите под Иран ги таргетираат американските војници стационирани во регионот, изјави синоќа советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан.

„Ние сме во состојба на готовност бидејќи гледаме зголемени закани за нашите сили низ целиот регион и зголемен ризик овој конфликт да се прошири и во другите делови на регионот. Правиме се што е во наша моќ да го одвратиме и спречиме тоа“, рече Саливан на CBS.

Минатата недела, САД извршија воздушни напади врз два објекти поврзани со милициите поддржани од Иран во источна Сирија по серијата напади со беспилотни летала и ракети врз американските сили во регионот. Воздушните напади врз објекти поврзани со иранските „Чувари на исламската револуција“ и придружните групи не резултираа со никакви жртви, проценуваат САД.

Запрашан за американските напади врз сојузниците на Иран во регионот, Саливан изјави за ABC: „Ако нападите продолжат, ние ќе одговориме и мислам дека Иран ја разбираат нашата порака“.

„Ние, се разбира, ги преземаме сите неопходни мерки за да ги заштитиме нашите сили, да ја зголемиме нашата будност и да работиме со другите земји во регионот за да се обидеме да го спречиме овој конфликт што моментално е во Израел и Газа да ескалира во регионален конфликт. рече Саливан.. „Но, ризикот е реален, така што претпазливоста е висока, а чекорите што ги преземаме за да го спречиме се сериозни, систематски и тековни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП