5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛидл на своите работници во Германија им дава инфлациски бонус

Лидл на своите работници во Германија им дава инфлациски бонус

Вработените во Лидл во Германија повторно ќе добијат инфлациски бонус. Исплатата на бонусот е поврзана со 50-годишнината од овој малопродажен синџир, пишуваат германските медиуми.

Лидл повторно ќе ги награди своите речиси 100.000 вработени со компензација за инфлацијата, пренесува магазинот Феникс.

Надоместокот е поврзан со 50-годишнината на синџирот, а вработените со полно работно време добиваат 500 евра. Оние кои се вработени за помалку, добиваат 250 евра. По 150 евра ќе добијат хонорарните и студентите кои работат.

Премијата е ослободена од данок и социјално осигурување во согласност со федералните прописи. Германските медиуми пишуваат дека оваа информација доаѓа од внатрешната комуникација на компанијата.

Лидл оваа година ја прослави својата 50-годишнина во Германија. Историјата на Лидл започна во 1973 година со првата филијала во Лудвигсхафен, Германија, основана од сега 83-годишниот Дитер Шварц.

Денес, компанијата има повеќе од 3.200 филијали и 93.000 вработени во Германија. Лидл е активен и во онлајн малопродажбата од 2009 година, но за разлика од неговите филијали, фокусот во онлајн продажбата не е само на храната.

Лидл сега е застапен во над 30 земји низ светот, а од минатата година нуди и услуги за преселување на клиентите во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП