6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНемало дрога, но нашле друго: Откриено што е пронајдено во домот на...

Немало дрога, но нашле друго: Откриено што е пронајдено во домот на Метју Пери

Ѕвездата на „Пријатели“ Метју Пери почина на 54-годишна возраст, откако се верува дека се удавил во своето џакузи дома.

Како што се наведува, во куќата на актерот не била пронајдена дрога, иако од претходно се знаело дека тој имал проблеми со истата.

Но, новите информации од извор близок до истрагата велат дека во куќата биле откриени бројни лекови на рецепт.

Властите пронајдоа антидепресиви, лекови против анксиозност и лекови за ХОББ во домот.

ХОББ е кратенка за хронична опструктивна белодробна болест – тој лек често се користи за луѓе кои имаат емфизем или хроничен бронхитис. Метју бил пушач.

Судскиот лекар од округот Лос Анџелес ќе изврши токсиколошки тест за да утврди дали имало лекови во системот на Пери, но тоа може да потрае со месеци, пишува TMZ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП