30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали страдате од номофобија?

Дали страдате од номофобија?

mobilen telefon

Се поголем е бројот на луѓе кои се потешко се одвојуваат од мобилниот телефон. Тоа чувство е еднакво на тоа како кога одвоеноста од телефонот е како да сте одвоени од целиот свет. На овој проблем истражувачите во Велика Британија му го дадоа името номофобија.

Номофобија е добро познато чувство кога ќе сфатите дека нешто ви фали. Ве обзема заборавеност и отсутност.

Скоро половина од Британците, наводно, ја искусиле номофобијата. Тоа е чувство на аксиозност кога ќе сфатите дека мобилниот уред не е кај вас. Исклучување на постојаната вклученост. Не само повиците, туку и пораките, електронските пораки, интернетот, игрите, камерата и музиката. Поединици дури не смеаат ни да размислуваат за тоа.

Поради стравот нешто да не се пропушти, 17 проценти од луѓето работат со телефонот и кога одмараат во кревет. Една четвртина од жените ги проверуваат мобилните телефони кога излегуваат надвор со партнерот, а половина од Британците својот телефон го носат на плажа, кога времето тоа им го дозволува.

Но, на удар не се само Британците, изгледа дека целиот свет ја дели мобилната опсесија. Една жителка на Париз вели дека не се одвојува од својот мобилен телефон. Го користи на одмор, во училиште, кога патува, практично секаде.

Често се вели дека мобилните телефони се иднината, но експертите тврдат дека треба малку да се свртиме кон минатото и да се потсетиме на некои од постарите манири.

Луѓето веднаш кога ќе се разбудат, прво што проверуваат е тоа дали некој ги контактирал. Навечер повторно истото. Вистинските разговори ги употребуваат се помалку и помалку. Затоа мора да се воведе одредена дисциплина за луѓето да не живеат за телефонот, туку да го живеат својот вистински живот.

Иронично е, но решение може да се пронајде токму преку мобилните апликации на интернет, кои ги гасат телефоните, тогаш кога вие не сте во состојба. Светот околку нас станува се повеќе интегриран. Прашањето е, по која цена?

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП