3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилни перформанси на Стопанска Банка АД Скопје, добивка од над 40 милиони...

Силни перформанси на Стопанска Банка АД Скопје, добивка од над 40 милиони евра

Стопснска банка АД Скопје континуирано продолжува да покажува силни финансиски резултати. Стабилната ликвидносна и профитабилна позиција на Банката, заедно со силната капитална основа и воспоставениот успешен деловен модел, овозможуваат отпорност кон предизвиците на околината и обезбедуваат стабилно и успешно работење на задоволство на сите заинтересирани страни.

За периодот јануари-септември 2023 година Стопанска банка АД Скопје оствари добивка пред оданочување и резервации во износ од 3.694.344 илјади денари, што претставува зголемување од 27% споредено со истиот период од претходната година. Задржувајќи го високо прудентниот пристап во однос на управување со квалитетот на кредитното портфолио, во истиот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 940.488 илјади денари. Со тоа, добивката пред оданочување, на 30.9.2023 год. изнесува 2.753.856 илјади денари. Во најголем дел, ова е резултат на зголемени приходи врз сите основи заради континуираниот тренд на зголемување на обемот на деловни активности, како и зголеменото кредитно портфолио. Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата, која на 30.9.2023 година изнесува 125.744.839 илјади денари. На тој начин, Банката, во согласност со својата деловна стратегија продолжува со раст на обемот на нејзините бизнис-активности.

Нето-приходите од камати изнесуваат 4.171.742 илјади денари и се зголемени за 1.122.146 илјади денари во однос на истиот период од минатата година, како резултат на зголемените кредитни активности и зголеменото кредитно портфолио на Банката, пораст на ликвидносната позиција и трендот на раст на каматните стапки.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 632.893 илјади денари и се намалени за 5% во однос на анализираниот период во 2022 година, што се должи на зголемени расходи од провизии поради повисоките трошоци на Банката за обезбедување на овие услуги, пред сè во делот на платните и картичните трансакции.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа намалување од 8% и изнесуваат 111.898 илјади денари.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 371.003 илјади денари.

И покрај инфлаторните притисоци и растот на цените, Банката успеа да ги ограничи оперативните трошоци од работењето и да ги одржи на релативно стабилно ниво, при што на 30.9.2023 година истите изнесуваат 722.929 илјади денари. Трошоците за вработени изнесуваат 762.247 илјади денари.

Во анализираниот период, врз основа на прудентниот пристап во управувањето со ризиците, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 940.488 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 3.694.344 илјади денари и забележа зголемување од 27% во однос на истиот период од минатата година. Добивката пред оданочување изнесува 2.753.856 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП