28 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАКога ги поместуваме стрелките на часовникот? В недела започнува зимското сметање на...

Кога ги поместуваме стрелките на часовникот? В недела започнува зимското сметање на времето

Во недела на 29 октомври се враќа зимското сметање на времето. Тој ден ќе ги поместиме стрелките од 3 на 2 часот по полноќ и со тоа ќе добиеме дополнителен час за спиење.

Компјутерите, мобилните телефони и другите современи уреди кои го покажуваат точното време автоматски ќе се „префрлат“ на зимско сметање на времето.

Ако сè уште имате аналоген приказ на времето или постар уред кој „не знае“ како да го прави тоа автоматски, не заборавајте да ги поместите стрелките еден час наназад, од 3 на 2 часот.

Се уште не е постигнат договор за предлогот на Европската комисија од пред четири години за укинување на сезонската промена на часовниците во последната недела од март, односно во октомври. Во 2019 година предлогот беше поддржан од Европскиот парламент, но треба да биде усвоен од земјите-членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП