3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовата серија на „Galaxy S“ телефони ќе биде најпаметната досега

Новата серија на „Galaxy S“ телефони ќе биде најпаметната досега

Јужнокорејската компанија „Samsung“ планира да ја опреми својата следна серија телефони од високата класа, „Galaxy S24“, со подобрувања и функции за вештачка интелигенција.

Според непотврдени гласини, „Galaxy S24“, „Galaxy S24+“ и „Galaxy S24 Ultra“ на „Samsung“ ќе бидат „најпаметните телефони со вештачка интелигенција досега“, далеку пред она што „Google“ моментално го нуди со моделите „Pixel 8“ и „Pixel 8 Pro“.

Серијата „Galaxy S24“, наводно, ќе има карактеристики кои се многу слични на она што го нудат „ChatGPT“ и „Google Bard“, како што е можноста за создавање содржина и приказни врз основа на само неколку зборови што ги нуди корисникот.

„Samsung“ дизајнираше и некои дополнителни функции за вештачка интелигенција, како што е генеративна вештачка интелигенција од текст-во-слика, а ќе се имплементира и говор во текст, кој е зајакнат со вештачка интелигенција.

Изворот на оваа информација тврди дека „Bixby“ ќе може да води „попаметни и почовечки разговори“ со корисникот.

Сериите телефони „Samsung Galaxy S24“ во моментов се очекува да бидат претставени во текот на јануари 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП