МАКЕДОНИЈА

Пукање во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, двајца ранети

Повторно имаше пукање во трговскиот центар Ист Гејт мол. Посетителите во паника бегаат и го напуштаат трговскиот.

Неофицијално станува збор за пресметка меѓу две мафијашки групи.

Две лица се ранети во пукањето. Полицијата е на терен, а ранетите се пренесени во болница.

Ваков настан имаше и кон крајот на месец август кога непознати лица од возило пукаа кон друго лице.