3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ100 години од подвижната лента на Форд

100 години од подвижната лента на Форд

ford lenta

Форд слави стогодишнина од првата подвижна лента која ја подобри автомобилската индустрија и отвори нови можности за сериско производство на автомобилите.

Првата подвижна лента во авто-индустријата е пуштена во погон на 1-ви декември 1913-та година во фабриката на Форд во „Highland Park“, a е развиена за потребите за брзо и ефикасно производство на познатитот „Model T“. На тој начин постапката за составување на 3.000 делови во овој автомобил во една целина, е поедноставена и поделена во 84 одделни чекори.

Погледнете го прегледот на најважните случувања во текот на еден век од историјата на Форд во само 100 секунди.

Благодарејќи на воведувањето на подвижната монтажна лента времето потребно за изработка на едно возило е скратено од тогашните 12 часа на само 90 минути, а цената на „Model T“ паднала од 850 на 300 долари, па со тоа автомобилот станал масовно достапен.

Производството нагло порасна, па на крајот во Форд се произведуваше по еден „Model T“ на секои 24 секунди. До 1927-та година биле продадени 27 милиони примероци, што во тој момент претставувало половина од вкупниот број до тогаш продадени возила во целиот свет.

ford lenta1

Форд ја искористи годишнината да ги објави плановите за натамошен развој на компанија. Тие имаат во план до 2017-та година да го зголемат производство за 30 проценти, а американскиот производител има во план 90 проценти од капацитетите да работат 24 часа на ден.

Предвидено е веќе во текот на 2013-та година од производните линии на Форд да излезат вкупно 6 милиони возила што одговара на околу 16 автомобили на секоја минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП