7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасега не се очекува дополнително зголемување на каматните стапки на ЕЦБ

Засега не се очекува дополнително зголемување на каматните стапки на ЕЦБ

Европската централна банка (ЕЦБ) се очекува да ја запре најагресивната серија на зголемувања на каматните стапки во својата историја, кога нејзините креатори на политики ќе се состанат оваа недела во Атина.

Сепак, претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, најверојатно ќе објави дека каматните стапки ќе останат на сегашното ниво или дури и повисоки некое време, бидејќи инфлацијата во еврозоната е двојно повисока од целта, а пазарот во Израел го поттикнува растот на цените на енергенсите, пренесува Financial Times.

Повеќето инвеститори, имајќи ја предвид овогодинешната стагнација на економијата во еврозоната и надолната траекторија на инфлација, сепак сметаат дека шансите за дополнително зголемување на каматните стапки во еврозоната се мали. Инвеститорите очекуваат ЕЦБ да ја остави отворена опцијата за понатамошно зголемување на каматните стапки, но не во овој момент.

Претходните очекувања дека ЕЦБ наскоро ќе почне да ги намалува каматните стапки засега исчезнаа, бидејќи сè уште има ризици од пораст на инфлацијата. Управниот совет на ЕЦБ, кој во четврток ќе одржи состанок во Атина, овојпат најверојатно нема да се занимава со оваа тема.

Како одговор на двоцифрениот пораст на трошоците за живот во еврозоната, ЕЦБ ги зголеми трошоците за задолжување на 10 последователни состаноци. Ја зголеми референтната каматна стапка на депозитите од историски најниско ниво од негативни 0,5 отсто на рекордно високо ниво од четири отсто.

Претставниците на ЕЦБ остануваат внимателни околу тоа колку време ќе биде потребно за да се заврши последниот дел од патувањето за да се врати инфлацијата на целта од два проценти. Лагард на почетокот на овој месец изјави дека ценовните притисоци останале „непожелно високи“, и покрај тоа што минатиот месец паднаа на најниско ниво во последните две години од 4,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП