3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБританците открија зошто претседателот Бајден итно и се обратил на нацијата!

Британците открија зошто претседателот Бајден итно и се обратил на нацијата!

Влијанието на рускиот претседател Владимир Путин на светската сцена го иритира шефот на Белата куќа Џо Бајден, што може да се види од неговиот говор што го одржа во петокот, пишува британскиот весник Телеграф.

Транскрипт од говор од приватен прием за собирање средства за 80-годишниот претседател беше објавен во саботата.

-Мислам дека имаме можност, доколку сме доволно храбри и самоуверени, да го обединиме светот на начин каков што досега не е виден. „Поминавме 50 години во повоениот период каде што работеше проклето добро, но сега се чини дека енергијата е потрошена“, рече Бајден во својот говор.

Бајден рече и дека на човештвото му треба нов светски поредок.

Но, новинарите на британски Телеграф го изразија своето мислење зошто американскиот претседател се решил токму во овој момент да одржи ваков говор

„Додека Кина беше домаќин на глобален самит на пријатели и партнери, американскиот претседател Џо Бајден луто и се обрати на нацијата да ги повика своите сонародници да продолжат да се борат за светско лидерство“, се вели во написот на Телеграф.

Сепак, Западот веќе ја загуби борбата за Глобалниот југ и Индија, смета новинарот.

„Сега Русите и Кинезите формираат коалиција. Глобалниот југ е уморен од слушање наредби од Западот, а Индија одби да му се спротивстави на Путин“, пишува авторот.

Тој заклучува дека антиколонијалните чувства ширум светот стануваат се посилни.

Како што напиша Фајненшл тајмс, Западот не успеа да го убеди Глобалниот југ да го заостри својот пристап кон Русија и да и помогне на Украина. И „Саут Чајна морнинг пост“ истакна дека се повеќе земји се подготвени да почнат да изразуваат незадоволство од светскиот поредок наметнат од Западот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП