2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФранцузите се горди на својот успех, вториот најпродаван бренд во Европа

Французите се горди на својот успех, вториот најпродаван бренд во Европа

Француската марка „Renault“ продаде 1.128.885 возила во првите девет месеци од оваа година, што е зголемување за 11% во однос на истиот период во 2022-ра година.

Во Европа, францускиот производител е втор најпродаван во 2023-та година, со раст на продажбата од дури 22%, објави компанијата.

Во соопштението се наведува дека во третиот квартал продале 11% повеќе возила од лани. Сепак, најмногу се гордеат со резултатот во Европа, каде се продадени 726.938 возила, благодарение на што се втори на Стариот континент.

Се наведува дека „C“ сегментот забележал раст на продажбата од 36% во однос на минатата година, а првите ѕвезди се моделите „Austral“ и „Arkana/Megane Conquest“, со по околу 60.000 продадени примероци.

Кога станува збор за електричните возила, најпродаван беше „Megane E-Tech“ со повеќе од 35.000 примероци, а во Европа овој модел сочинува 2,2% од пазарот за електрични возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП