3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПродажбата на телефони продолжува да опаѓа: Овие производители доминираат

Продажбата на телефони продолжува да опаѓа: Овие производители доминираат

Аналитичката компанија „Counterpoint research“ објави пазарна анализа за третиот квартал, кога станува збор за продажбата на телефони.

Според извештајот за периодот јули-септември, глобалната испорака на телефони забележа пад од 8% во споменатиот квартал во однос на истиот период лани.

Најновата анализа на „Counterpoint“ сугерира дека послабата побарувачка на потрошувачите за нови телефони е главната причина за падот на продажбата. Од друга страна, пазарот навистина забележа помал раст од 2% во однос на вториот квартал од оваа година, што веројатно беше под влијание на најавата за серијата „iPhone 15“.

Кога станува збор за поединечни производители, „Samsung“ ја задржа водечката позиција во однос на продажбата во текот на третиот квартал и држи 20% од вкупната продажба. Зад јужнокорејскиот гигант е „Apple“ кој по продажба држи 16% од пазарот, а трет е „Xiaomi“ со 12 проценти. Топ 5 листата на производители со најдобра продажба ја заокружуваат „Oppo“ и „Vivo“.

Интересно е што сите пет големи производители забележаа пад на продажбата на телефони во текот на третиот квартал. Од Топ 10 производители, само „Honor“, „Huawei“ и „Transsion Group“ (Tecno, Infinix, itel) остварија позитивен раст на годишна основа.

Аналитичарите на „Counterpoint“ очекуваат ситуацијата од септември да се пренесе во четвртиот квартал, со зголемена побарувачка за телефони за време на празничниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП