28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се најдобрите градови за бизнис во светот: Еве кои се најдоа...

Ова се најдобрите градови за бизнис во светот: Еве кои се најдоа на врвот на листата

Њујорк е прв на листата на светски градови најпогодни за бизнис, а седум европски градови се меѓу првите 20 најдобри финансиски центри, според новото рангирање на Индексот на глобалните финансиски центри (GFCI).

Во горниот дел од оваа листа доминираат САД, а Лондон и натаму е лидер во Европа и на втората позиција во генералниот пласман.

Следуваат Сингапур, Хонг Конг и Сан Франциско на третото, четвртото и петтото место, а Женева е единствениот друг европски град со британската престолнина во топ 10.

Женева го зголеми рејтингот за 29 поени и ги прескокна своите финансиски ривали од минатата година, скокајќи од 23-та на 10-та позиција.

Аналитичарите велат дека регулаторната средина на Швајцарија и ниското ниво на корупција се огромни предности за финансиската сила на нејзините градови.

Франкфурт, домот на Европската централна банка, се искачи од 17-то на 14-то место на глобално ниво, додека Париз падна од 14-то на 15-то. Други европски градови во топ 20 се Луксембург (16), Цирих (18) и Амстердам (19).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП