4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроизводителот на „Ray-Ban“ објави „благо забавување“ во третиот квартал

Производителот на „Ray-Ban“ објави „благо забавување“ во третиот квартал

Производителот на луксузни очила „EssilorLuxottica“ објави приход во третиот квартал од 6,3 милијарди евра, што е за 11,75 отсто повеќе во азиско-пацифичкиот регион, поттикнати од Кина, објави „Reuters“.

Третиот квартал забележа „благо забавување“ од првата половина на годината поради послабите перформанси во малопродажбата на очила за сонце во Европа, Блискиот Исток и Африка и во Северна Америка, се вели во соопштението на сопственикот на „Ray-Ban“.

„Како што вообичаено може да се најде на побавен пазар, диоптриските очила се водечки додека очилата за сонце заостануваат“, рече „Bernstein“ во белешката по објавувањето на извештајот на „EssilorLuxottica“.

Акциите на компаниите за луксузни стоки се под притисок бидејќи потрошувачите со ограничени пари ги намалуваат трошоците за производи од висока класа и растот во Кина забавува.

„Кина беше земја со најдобри резултати, ефикасно користејќи го своето портфолио за контрола на миопија во сезоната кога училишната година повторно започнува“, велат од „EssilorLuxottica“, додавајќи дека перформансите на малопродажбата во земјата продолжуваат да бидат „поволни“.

„EssilorLuxottica“ ја повтори својата цел за 2023-та година за „годишен раст на приходите меѓу 4% и 6%“ од 2022-ра до 2026-та година и оперативен профит што претставува 19% до 20% од приходите до крајот на тој период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП