2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИзраел срамни цел кварт на северот на Газа

Израел срамни цел кварт на северот на Газа

Израел го израмни срамни со земја цел кварт во северниот дел на Газа во петокот, откако на семејствата кои се’ уште беа таму им даде получасовно предупредување да бегаат, поради претстојната израелска копнена инвазија на Појасот Газа.

Во Захра, град на северот, жителите рекоа дека цела населба од околу 25 високи згради е срамнета со земја. Добиле израелски предупредувачки пораки на мобилните телефони за време на појадокот, а десет минути подоцна следел мал напад со беспилотно летало, а половина час по првичното предупредување, борбени авиони Ф-16 ги урнале зградите во огромни експлозии и облаци од прашина.

„Сè што некогаш сум сонувал и мислев дека сум постигнал исчезна. Во тој стан беа мојот сон, моите сеќавања со моите деца и мојата сопруга, тоа беше мирисот на сигурност и љубов“, изјави Али за Ројтерс, жител на областа, одбивајќи да го даде целото име поради страв од одмазда.

Православната патријаршија на Ерусалим, главната палестинска христијанска деноминација, соопшти дека израелските сили ја нападнале црквата Свети Порфириј во градот Газа, каде христијаните и муслиманите протерани од своите домови побарале засолниште.

На видеото од местото на настанот во комплексот на црквата се гледа како рането момче е извадено од урнатините ноќе. Работник за цивилна заштита рече дека две лица на горните катови преживеале, оние на долните катови беа убиени и сè уште се во урнатините.

Црквата била изградена помеѓу 1150 и 1160 година и е именувана по епископот од Газа од 5 век, Свети Порфириј, кој утешил генерации Палестинци во Газа.

Нема коментар од Израел, кој вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП