Германски „Opel“ ги потврди плановите за масовно производство на новиот модел кој би требало да претставува „SUV“ верзија на малиот хечбек „Adam“, a чиј лик имавме можност да го видиме преку концептот „Adam Rocks“.

„Opel“ не планира систем 4×4, поради тоа што малиот „SUV“ модел ќе остане со погон на предната осовина и нема да биде алтернатива на „Pandа 4×4“, туку ќе му биде главен ривал на „Volkswagen Cross Up!“.
Како што истакнуваат експертите, новиот модел не треба да се смета како „off-road“ возило, туку како малку поскапа верзија на постоечкиот хечбек, чија главна карактеристика ќе биде спектакуларниот и авангарден дизајн.

Најинтересна одлука поврзана за овој модел е тоа што ќе го задржи покривот на концептот „Adam Rocks“. Тоа во превод значи дека „SUV“ верзијата на „Adam“ ќе има и карактеристики на кабриолет.
Тоа ќе го направи да биде специјален, затоа што по лансирањето ќе може да се пофали со титулата најевтин кабриолет на пазарот.