3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„OpenAI“ продава акции по проценка од 86 милијарди долари

„OpenAI“ продава акции по проценка од 86 милијарди долари

Стартапот „OpenAI“ е во преговори за продажба на акции од своите вработени по проценка од 86 милијарди долари, изјавија за „Bloomberg“ извори запознаени со ова прашање.

Компанијата за вештачка интелигенција која стои зад „ChatGPT“ е во преговори со потенцијалните инвеститори за договорот, познат како тендерска понуда, рекоа изворите, кои сакаа да останат анонимни бидејќи разговараа за доверливи информации. Компанијата не ги финализирала условите и тие сѐ уште би можеле да бидат променети, велат некои од изворите.

„OpenAI“, во кој „Microsoft“ поседува 49% од акциите, е предводен од извршниот директор Сем Алтман и претседателот Грег Брокман. Со проценка од 86 милијарди долари, „OpenAI“ ќе ги надмине играчите како „Stripe“ и кинескиот онлајн трговец на мало „Shein“ и ќе стане една од највредните приватни компании зад „SpaceX“ на Илон Маск и „родителот“ на „TikTok“, „ByteDance“.

Претставник на „OpenAI“ со седиште во Сан Франциско одби да коментира за ова прашање.

Компанијата е на пат да генерира 1 милијарда долари годишен приход бидејќи бизнисите ширум светот почнуваат сè повеќе да ја користат технологијата, објави „Bloomberg“ во август.

Минатиот месец, „Wall Street Journal“ објави дека „OpenAI“ разговара за потенцијална продажба на акции што би ја проценувала помеѓу 80 и 90 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП