2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСтејт департментот издаде предупредување до Американците за сите земји во светот

Стејт департментот издаде предупредување до Американците за сите земји во светот

Стејт департментот издаде портокалова тревога за граѓаните на Соединетите Американски Држави. Ова предупредување значи да се разгледа опцијата за патување. Овој пат до сите земји во светот.

„Поради зголемените тензии на различни локации низ светот, потенцијалната закана од терористички напади, протести и насилни активности против американските граѓани и интереси, Стејт департментот ги советува американските граѓани во странство да бидат претпазливи. Американските граѓани треба да бидат внимателни на локациите што ги посетуваат туристите. Најавете се на STEP за да добивате информации и предупредувања и да си го олесните лоцирањето во итни ситуации, следете го Стејт департментот на Фејсбук и Твитер“, се вели во предупредувањето.

Беше објавен и црвен аларм за Американците во Израел, Газа и Либан да ги напуштат тие земји со информации како да го сторат тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП