2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЕвакуации во Франција: Дојави за бомби на 14 аеродроми

Евакуации во Франција: Дојави за бомби на 14 аеродроми

Нови закани за бомби утринава беа испратени до 14 француски аеродроми, а најмалку осум се евакуирани поради тоа, изјави извор близок до случајот за Франс прес.

Веќе вчера повеќето големи француски аеродроми, со исклучок на двата париски, беа привремено евакуирани поради ваквите закани, што доведе до откажување на 130 летови и безброј доцнења.

Бројот на закани е зголемен во последните денови во Франција по убиството на наставникот во Арас, кој беше избоден со нож од радикализиран исламист.

Според изворот, денеска се евакуирани аеродромите Брест, Каркасон, Рен, Тарбес, Бордо-Мерзиниак, Безие, Монпеље и Нант.

Генералниот директорат за цивилно воздухопловство потврди дека утрово неколку национални аеродроми, вклучително и во Нант, добиле закани за напад, но не соопшти колку.

Некои аеродроми сами го пријавија тоа, како што се Лил и Нант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП