2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСирените на возилата на Брза помош од 10:30 до 11 часот денеска...

Сирените на возилата на Брза помош од 10:30 до 11 часот денеска ќе свират за итно зголемување на платите на здравствените работници!

Здравствените работници и сите вработени во секторот здравство денеска од на паузата, односно од 10 : 30 до 11 часот ќе одржат предупредувачки протест во кругот на здравствените објекти каде што работат. Поддршка ќе добијат и од вработените од Итна помош кои ќе ги вклучат сирените на возилата за да направат поголема бука која треба да ја чујат властите, бидејќи како што велат од Независниот синдикат на здравствените работници, Владата ги игнорира нивните барања за повисоки плати на сите здравствени работници и овозможување на подобри услови за работа.

За да нема застој со прегледите и останатите здравствени услуги кои ги добиваат граѓаните од страна на здравствените работници денеска најавениот предупредувачки протест ќе се одржи за време на паузата.

Здравствените работници велат дека „чашата е веќе прелеана“ со платите кои ги добиваат не можат да го поминат месецот. Аларманнта е состојбата за илјадници вработени во здравството се жалат од Независниот синдикат на здравствените работници. Нивните барања се зголемување на платите во секторот здравство за 30 отсто, нов колективен договор, бенефициран работен стаж, покачување на додаток за инфекција од 1% на 4%, трансформација на определеното работно време со неопределено.

„Синдикатот ги повикуваа сите здравствени работници за време на паузата од 10:30 до 11 часот да излезат и протестираат по своја желба или да останат на работните места и да не работат. Ги повикааме и возачите на возилата за брза помош во 10:30 да ги вклучат сирените и ротационите светла.“ велат од Независникот синдикат на здравствени работници.

Властите пак не се согласуваат со синдикалците. Велат дека на неколку пати се зголемени платите во здравството и тоа во последниве години. Од ресорното министерство уверуваат дека се прават напори за подобрување на стандардот на здравствениот работник. Но велат дека не може се да се направи за краток рок.

„Еднаш во првата полoвина на годината се покачија за 2000, 2500 и 3000 за три различни групи здравствени работниици. Сега на 9 октомври имаше ново покачување од 10%, плус договорена е исплата на регрес на крајот на годината. Апсолутно сметаме дека покачувањето е значајно и министерството за здравство и министерот д-р Меџити од преземањето на функцијата силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат меѓудругото и на оваа заложба. Сепак, можностите и буџетот не дозволуваат повеќе. Министерството веќе одржа повеќе состаноци со синдикатите каде беше разговарано на оваа тема при што детално им беше образложен пристапот на Владата и Министерството на здравство во однос на покачувањата“, велат од Министерството за здравство.

Но синдикалните претставници на здравствените работници не се согласуваат со информациите кои пристигнаа од властите, велат дека сега има предлог кој вели зголемување на платите само за медицинските сестри од 15 отсто.

„Со тоа ние не се согласуваме затоа што ние сме алка, синџир во здравството и еден без друг не можеме. Затоа продолжуваме да се бориме за зголемување за 30 проценти на платата за сите здравствени работници и на административно-техничкиот персонал. Власта мора да го слушне нашиот глас.“ додаваат синдикалците.

Од Независниот синдикат се загрижени дека поради ваквиот игнорантски однос кој го имаат од страна на надлежните може да се случи целокупното здравство да крахира до почетокот на идната година.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП