3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЅирнете во „iPhone 15“: Никој не зборува за ова! (ВИДЕО)

Ѕирнете во „iPhone 15“: Никој не зборува за ова! (ВИДЕО)

Основниот модел на „iPhone 15“ се најде на работната површина на популарниот канал на „YouTube“ – „JerryRigEverything“, каде што беше расклопен.

Зак од „YouTube“ каналот „JerryRigEverything“ реши да ни покаже што има внатре во основниот модел на „iPhone 15“.

Јутјуберот истакнува дека иако „Apple“ го олесни процесот на сервисирање на новите модели на „iPhone“, сепак е доста тешко да се расклопи „iPhone 15“.

Сервисирањето сè уште е во голема мера резервирано за „Apple“ и овластените даватели на услуги, бидејќи секоја од заменливите компоненти е поврзана со матичната плоча и е софтверски заклучена.

Како што е наведено во видеото, „Apple“ моментално наплаќа 169 долари за замена на оштетениот заден дел на моделот „iPhone 15“, што е доминантна површина за полнење.

Зак истакнува дека „Apple“ посвети големо внимание на рециклирањето и повторната употреба на материјалите.

Во линијата „iPhone 15“, „Apple“ користеше рециклирани материјали за различни елементи на телефонот, нешто за што речиси никој не зборува.

Металната рамка е создадена од легура на алуминиум и цинк, што значи дека „Apple“ повторно користи алуминиум од серијата „7000“ за основниот „iPhone 15“.

Предниот дел е отстранлив како и задниот, а за сервисирање на дисплејот и придружните елементи „Apple“ наплаќа 279 долари.

Последната порака би била да го чувате вашиот нов „iPhone“ во заштитни капаци и футроли и да ракувате со него внимателно бидејќи поправките се прилично скапи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП